16.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

МЕЏИТИ – ПОВЕЌЕ ИЗЛЕГУВААТ ОТКОЛКУ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.

„Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај“, рече Меџити.

Во изјава за ТВ 21, тој рече дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта.

Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците (АА), која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз.
Алтернатива има тројца пратеници, а Демократскиот сојуз еден.

„Огнената група“ од ДУИ исто така е против реконструкцијата, но неизвесно е уште колку пратеници освен Меџити ќе гласаат против.

Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање, откако Насер Нуредини од ДУИ поднесе оставка.

Во реконструираниот владин кабинет, ДУИ останува со едно министерско и едно заменичко место помалку.

Related posts

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Кампања пред кампања – полни усти (не)реални ветувања

admin

Патот од Тетово до Призрен децениско ветување како пругата до Бугарија

admin

Дали Груби ќе игра фудбал во кабинетот е работа што треба да ја знае Џафери како премиер

admin

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

admin

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja