23.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

АХМЕТИ ОПТИМИСТ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА

Јас се залагам за напредок и денес нека биде постигнат, изјави денеска во Охрид лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно признавање меѓу Косово и Србија, Ахмети рече дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигнат договор помеѓу Приштина и Белград.

„Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО“, рече Ахмети.

Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараат во Вилата Билјана во Охрид во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, што се одржува по покровителство на ЕУ. Домаќин на средбата е македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Денешните разговори, на кои присуствуваат и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот пратеник на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, се продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите меѓу двете земји.

Related posts

КУРТИ ЗА ЗСО: СРБИЈА САКА КАФЕ БЕЗ ФИЛЏАН

ninja

Страв од фрагментација или од детронизација?

admin

УЈП откри “нафтена мафија”, преку лажни фактури сакале да извлечат пари од државната каса

admin

УАПСЕНА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

Германската војска ќе достави помош од воздух за Газа

admin

Тешки борби избија околу болницата во северна Газа

admin