12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Има ли „кочница“ за банкарските провизии при плаќање сметки?

Прашањето на РСЕ на Фејсбук „Што мислат граѓаните за наплатата на провизија од страна на банките при онлајн плаќање сметки за струја, вода, парно…“ отвори широка дебата. Едни се за укинување, или да бидат симболични, додека други ја оправдуваат наплатата. Најголемиот дел се согласуваат дека „секаде во светот со дигитализацијата провизиите паѓаат, а само кај нас растат“.

„Преголеми се провизиите“, „Наплаќаат за се и сешто“, „Ем наплаќаат, ем не известуваат кога ги зголемуваат“, „Плаќаме за ‘вакво’ одржување, за ‘онакво’ водење сметки, а кога плаќаме сметка за струја или вода, пак ни земаат провизија„.

Ова се само дел од коментарите оставени на Фејсбук профилот на Радио Слободна Европа (РСЕ), на прашањето „Што мислат граѓаните за наплатата на провизија од страна на банките при онлајн плаќање сметки за струја, вода, парно…“. Ваквите коментари се надоврзуваат на алармите кои уште од лани почнаа да доаѓаат од невладиниот сектор, кој предупредуваше дека „секаде во светот провизиите се намалуваат со дигитализацијата, а само кај нас растат“.

Најголемиот дел од коментарите се за тоа банките да ги укинат провизиите, бидејќи веќе наплаќаат месечни тарифи за онлајн банкарство. Но, има и ставови дека услугата треба да се наплати, но со симболична провизија, бидејќи, како што велат, „ако ја собереш целата провизија за сите сметки во текот на годината, ќе видиш дека си платил сума колку за уште една сметка за вода“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА!

Related posts

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ КАКО ПОМОШЕН ЛЕК ЗА КРИЗНОТО ПРОФИТЕРСТВО И НЕЧЕСНИТЕ ТРГОВЦИ?

ninja

Што би значело укинувањето на ветото во ЕУ за македонските евроинтеграции

ninja

Дали Мицкоски се среќава со Ахмети?

admin

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin

Што е најзначајно во воениот извештај на Пентагон за Кина?

admin