21.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

Судот во Тетово му одреди казна затвор од една година и три месеци на анестезиологот Валтон Дервиши, кој снимаше и на „ТикТок“ објави видеа со пациенти и од медицински персонал на одделението за Гинекологија во болницата во Тетово, јавува РСЕ. На почетокот на судењето тој ја призна вината, по што судот му ја одреди казната.

Дервиши беше обвинет за две кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“. Судот за првото дело му одреди казна затвор од една година, а за второто – пет месеци или единствена казна затвор од една година и три месеци. За изречената казна се смета и времето кое анестезиологот го помина во притвор, од 14 април до денес.

Како што наведе судот, Дервиши има право на жалба на пресудата во рок од осум дена. Судот одлучи да му ја укине мерката притвор и му определи мерка куќен притвор од 60 денови.

Тој снимките ги направи на 14 април годинава, по што беше пријавен во полиција и приведен истиот ден, кога судија во претходна постапка му одреди и притвор

Тој во моѓувреме беше отпуштен од работа, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата. На 24 април заседаваше Судот на честа при Лекарската комора и одлучи да Дервиши, кој е специјалист анестезиолог да остане без лиценца седум години, што е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.

Related posts

Џејмс О`Брајен: Украина би можела да победи со помошта од ЕУ и САД

admin

Мехмети: Уставните измени не треба да бидат драма

admin

Дали на пазарите има зеленчук загаден со пестициди или некој помешал што е милиграми и микрограми?

admin

СТУДЕНТСКИ ОБРОК: ДОБАР АДУТ ЗА ФАЛЕЊЕ ВО ОН, ЛОШ ЗА БУЏЕТОТ

ninja

ФИДЕШ на Орбан ќе ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ за победа на парламентарните избори во 2024

admin

ЕУ усвои значаен документ – се подготвува за проширување

admin