14.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Средба Ковачевски-Мицкоски, дали ќе се договорат за уставните измени?

Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски ќе се сретнат наредните денови за да разговараат за можен договор за уставните измени. По јавната покана на премиерот Ковачевски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска рече да за состанокот, пренесува Инбокс7.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со премиерот Ковачевски кога станува збор за националните и државни интерси, велат од неговата партија  Но, додаваат дека Мицкоски бара да разговараат и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

„Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако претходно премиерот Димитар Ковачевски рече дека во наредните дестина дена ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

„Јас планирам и да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски, пренесува РСЕ.

Владата од понеделник ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на Работната група, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, откако вчера ова тело ја усвои Предлог иницијативата и ја достави до Владата.

Работната група на 26 мај ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Во работната група за уставните измени не членуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се противат на ваквите измени.

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.

Related posts

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

ninja

Заев за ТВ 24: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети за КЗ

admin

Опаѓа поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, а само 24 отсто од нив ги поддржуваат уставните измени

admin

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ДУПЛИРА БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ninja

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin