12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д, кои минатата недела ги усвои Собранието по скратена постапка. Тој на 29 мај рече дека секој што се сомнева во уставноста на некои од усвоените закони, може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд, пишува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Текстот на измените на Законот за работни односи не ја содржат формулацијата за 60 работни часа, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски кој соопшти дека го потпишал законот, но и останатите четири кои беа усвоени во Парламентот за изградба на автопатиштата што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка.“

„Во однос на законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон, не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд, којашто предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“, рече Пендаровски.

Одлуката да ги потпиша законите ја поздрави и првиот вицепремиер, Артан Груби, кој воеедно е и координатор на работите околу коридорите:„Ја поздравувам одлуката на претседателот Пендаровски за потпишување на Указот за прогласување на законите за изградба на Коридорот 8 и 10Д. Овие закони се круцијални за побрзо и поквалитетно реализирање на најважниот проект во историјата на државата.“

 

Пред да ги потпише измените на законот за работни односи, законот за експропријација, законот за градење, урбанистичко планирање и специјалниот закон, тој рече дека направил консултации со експерти од трудовото право, поранешни уставни судии и советници во неговиот Кабинет. Синдикатите, партиите и сите други страни имаат право да поднесат иницијатива во Уставниот суд, како институција која го дава последниот збор за уставноста на законите, наведе Пендаровски.

Тој исто така рече дека изминатите недели во јавноста се развила легитимна дебата за содржината на овие закони, но дека дебатата била употребена или злоупотребена од мал број субјекти за зголемување на и онака високата поларизација во нашето општеството.

Related posts

Трка со времето за евакуација од Израел

admin

ГРЦИЈА ГО РЕГИСТРИРАШЕ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ninja

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

САД обвинети за повлекување од НАТО сојузникот Албанија, додека Русија сака да го зголеми регионалното влијание

admin

КОВАЧЕВСКИ И ШОЛЕ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА СТАБИЛНОСТА, ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И ПОДДРШКАТА ОД САД

ninja

Што се касетните бомби што САД планираат да испратат во Украина? (ВИДЕО)

admin