24.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Драстично намален бројот на невработени млади

И европските и македонските официјални бројки покажуваат дека низ годините бројот на невработени млади се намалил за три пати. Кои се причините за ваквиот пад?

Лука од Скопје е средношколец во трета година кој работи како келнер.

„Не е најплатена работа, ама тоа е, не можам да се жалам. И тоа е нешто. Не е некоја шефовска позиција која сите ја бараат и затоа нема вработеност и бегаат. Искрено не им се работи. Сакаат да земаат големи пари, а не сакаат да почнат од ништо“, вели 18-годишниот Лука.

Неговиот врсник, Бојан Поповски, вели дека наоѓањето работа за млад човек во земјава е многу лесно. Но, за него, опцијата фриленс е подобра од формално вработување, а работа наоѓа онлајн во областа на автомобилската индустрија.

„Не сум пријавен, но од 14 години работам како фриленсер и засега е супер. Сите мои другари се формално вработени, за жал. Според некои верувања тоа е подобро, но од моја гледна точка да си фриленсер е многу поубаво отколку да си вработен“, вели младиот Поповски и додава дека иако секој сака за помалку време да направи повеќе пари, тоа во денешно време не оди баш така.

Речиси сите нивни пријатели работат, но Лука смета дека ова нема да биде случај кај новите генерации.

„Генерациите што се после нас мислам дека нема да продолжат како нас, нема да работат. Јас сум роден во 2005-та, ама тие што се 2003-та, 2004-та мислам дека не работат. Повеќе се накај учење фокусирани, накај факултет“, додаде средношколецот кој исто така смета дека тука лесно се наоѓа работа, ако ти се работи.

Тоа го покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика, дека во текот на минатата година, бројот на невработени млади на возраст од 15 до 24 години се намалил од почекот до крајот на годината.

Related posts

Колку „тежи“ целата Влада, кои пет министри се најбогати а кои најсиромашни?

admin

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

admin

Извештај: Измените на Кривичниот законик – услуга за корумпираните политичари

admin

Во Албанија откриена високо квалитетна нафта, ШЕЛ ги прави последните тестови

admin

Османи со писмо до пратениците: Европската иднина е во ваши раце

admin

Законски измени под превез на ЕУ за спас од затвор

admin