35.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

МВР на Косово: Нападите на северот од Косово се оркестрирани и диригирани од Белград

Министерството за внатрешни работи на Косово ги оквалификува нападите врз косовската полиција на северот на земјата како оркестрирани од Србија.

„Криминалците ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Нападите се оркестрирани и диригирани од Белград“, се вели во соопштението.

Косовската полиција соопшти дека во текот на денот на 31 мај во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан бил повреден полициски службеник и нападнати три автомобили.

„Ваквите напади се неприфатливи. Овие групи хулигани продолжуваат да докажуваат дека се оркестрирани и диригирани од Белград за да ја дестабилизираат нашата држава“, се вели во реакцијата на МВР, во која се потенцираат и нападите врз припадниците на КФОР и новинарите.

Протестите во четири општини во северно Косово со српско мнозинство почнаа на 26 мај, кога групи локални Срби се собраа пред општинските згради за да протестираат против влезот на новите албански градоначалници на Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Изборите во четирите општини на северот, населени со мнозинство Срби, беа одржани на 23 април по оставката на градоначалниците од редовите на Листа Србска, најголемата партија на косовските Срби, во ноември минатата година. Изборите беа бојкотирани од мнозинското српско население во таа област.

Related posts

Старечки домови под истрага поради насилно и нехумано однесување

admin

Гаши: Ни треба дијалог внатре и со соседите

admin

Таравари: Фронтот и ДУИ полека се растураат!

admin

Османи: Ризикуваме изолација како таа од 2006 до 2017 година

admin

Пандев и Стоичков повторно на терен, за Кочани

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е одговорен, трагедијата во Тетово последица на тендерски профит

admin