10.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Се стега ли обрачот околу Вучиќ?

Помина еден месец откако тринаесетгодишник изврши масовно убиство во своето основно училиште во Србија. Без разлика на десетиците илјади парчиња оружје што граѓаните ги предадоа при акцијата на државата за разоружување, страстите не се смируваат.

Граѓаните по петти пат се подготвуваат за протестите против насилството (сабота, 3 јуни),  најмасовните политички собири од Петти октомври.

„Мораше да се случи нешто незамисливо, нешто толку страшно, како што се масовните злосторства, за да предизвика таков страв, за да започне крунисувањето на тој патолошки, шизофреничен мозаик на поделеното општество. И тоа така што луѓето излегоа на улица“, вели за ДВ Перица Гуњиќ, уредник на порталот Цензоловка.

Еден од организаторите на протестот, Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт, вели дека овојпат луѓето на улица ги изнеле емоциите. „Сите бевме вознемирени што по несреќата дојде брзата реакција на државата – дека системот не потфрлил. Не постои можност да се знае еден ден по трагедијата дали системот потфрлил или не. Тоа предизвика гнев бидејќи луѓето видоа дека ништо значајно нема да се смени доколку се прашува власта“, објаснува Лазовиќ.

Гневот и тагата, меѓутоа, дојдоа по години фрустрации, незадоволство и огорченост поради аферите што ја следат владејачката Српска напредна партија (СНС) – од уривањата во Савамала, до падот на хеликоптерот, Крушик, убиството на Оливер Ивановиќ, сè до сомнежите за врските на државниот врв со криминалниот клан  на Вељко Беливук, за што неодамна пишуваше американскиот весник Њујорк Тајмс.

 

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

Премиерот Ковачевски најави оставка

admin

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НЕ ГИ ГИ ИСПОЛНИЈА ОЧЕКУВАЊАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД

ninja

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja

ЌЕ СПРЕЧАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, РЕЧЕ ТРАМП

ninja

КУРТИ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ ЗАКАНИТЕ НА СРБИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА КОСОВО

ninja

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin