17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Аналитичари: Можна е владина коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Влада со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во неа е можна, но за сега никој со сигурност не може да каже дали до тоа може да дојде, велат за Глас на Америка, Марко Трошановски од Институтот за демократија и аналитичарот Петар Арсовски, пренесува Инбокс7.

Тешко е во овој момент да се каже дали е можна влада со учество на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неа, но е добро, што почна да се разговара и што постои подготвеност и кај двете партии да се обединат во име на државните интереси, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Она што е сигурно е дека барем почна некаков политички дијалог, што е додадената вредност на целото ова менаџирање со политичката криза. Контрадикторните или спротивставени услови на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, кога уставните измените треба да почнат да важат ја прави изјавата на ДУИ, дека е всушност спремна да се повлече е повеќе политички спин, отколку реална подготвеност за да се стори истото. Од друга страна несогласувањата меѓу СДСМ и ВМРО во врска со предвремени избори и кога тие би требало да се случат е исто така пречка за тоа да се даде прогноза. Сепак очигледно е дека и едните и другите се согласуваат дека е потребен разговор и пробив и каков таков обид за градење на заеднички став за уставните измени, нешто штоп отсуствуваше при градење на францускиот предлог, особено при тајновитоста при потпишувањето на протоколот кој е исклучително штетен за нас и што во голем дел ја создаде оваа поларизација“, вели Трошановски.

Ова доаѓа по неодамнешната лидерска средба меѓу лидерите на двете партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, со цел давање на поддршка за уставните измени и со тоа продолжување на европскиот пат на државата.

„Во моментот е прерано да се каже дали идејата за заедничка влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се оствари. Мислам дека идејата е релативно нова, дека на политичката сцена се уште не сме ги виделе конечните ставови на партиите по однос на тоа прашање. Мислам дека им треба малку време да ја процесуираат идејата и дека конечниот став на двете партии ќе го почекаме барем неколку дена за ова“, смета аналитичарот Петар Арсовски.

Related posts

Анализа на РТС: Со уставните измени Македонците стануваат малцинство во сопствената држава

admin

Викал „Алаху Акбар“ додека се обидувал да ја отвори вратата од авионот среде летот

admin

Фрчат обвинувања за руски влијанија во Македонија

admin

Пендаровски: Полска отсекогаш била наш поддржувач

ninja

Пред Скопје – уставните измени, пред Тирана – Белери

admin

Агелер доби награда од Бајден за исклучително лидерство и резултати

admin