12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

АзА ја поздрави одлуката на САД за Рамиз Мерко

Алијанса за Албанците го поздравува прогласувањето нон грата на Рамиз Мерко од страна на САД и интензивирањето на борбата против корупцијата, се наведува во партиското соопштение, пренесува Инбокс7.

“Две години откако претседателот Бајден ја потпиша извршната наредба за проширување на американските санкции за да ја вклучи корупцијата како причина, Стејт департментот денеска го прогласи за нон грата Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга и член на Претседателството на ДУИ”, се вели во соопштението на АзА.

Според Стејт департментот, Мерко учествувал во значителна корупција, присвојувајќи средства на нелегален начин и мешање во судски и други јавни постапки. Како резултат на тоа, нему и на неговото потесно семејство им е забранет влез во САД.

“Оваа денешна определба е сигнал кој има потенцијал да ја врати надежта во Северна Македонија. Од денес САД докажаа дека никој не е недопирлив. И честитаме на амбасадорката Агелер за нејзината доследност и предупредувањето дека ќе има други определби во текот на оваа година.”

“Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отворат случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата.”, се подвлекува во соопштението на АзА.

Related posts

ОСМАНИ УВЕРУВА – ЌЕ ДОМИНИРААТ АРГУМЕНТИТЕ „ЗА“ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

ninja

Драма на Ќафасан: Тројца функционери на ВЛЕН на „црната листа“ на Албанија

admin

Истражување на РСЕ: Руси поврзани со Кремљ вработени во највисокото европско безбедносно тело

admin

Додека плаќаа евтина струја никому ништо, сега бараат владина помош

ninja

Нова криза со Бугарија: Објавени детали за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

admin

Нафтата повторно над 100 долари

admin