24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети со писмо до Ковачевски: Ја напуштаме владата во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска со писмо го извести премиерот Димитар Ковачевски дека се повлекува од владата во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, пренесува Инбокс7.

“Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!
Оставките, г. Премиере, автоматски ќе бидат ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени”, се вели во писмото.

Подолу го објавуваме писмото во целост: 

Почитуван премиер Димитар Ковачевски,

Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, се наоѓа во критична фаза од нашата европска иднина,
Имајќи ја тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години,
Ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвување од секој од нас,
Врз основа на условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставни измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата, легитимно избрана по волја на албанскиот гласач,
Свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство,
Имајќи предвид дека Демократската унија за интеграција со нејзиниот претседател Али Ахмети останува непопустлива во утврдувањето дека евроатлантските интеграции, со сите права и обврски, освен во НАТО, и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со САД биле, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,

Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!
Оставките, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени.

Related posts

Каква „честитка“ ќе стигне до Судскиот совет?

admin

Изборни математики – кој против кого и со кого во вториот круг?

admin

Загриженост во Берлин: Германската економија падна во рецесија

admin

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат одговори, најавуваат протест ако не добијат резултати

admin

Малолетници под истрага – што се случува во Ѓорче Петров?

admin

Касами: За 3 месеци ќе го решам проблемот со кучињата скитници во Тетово

admin