10.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

“Парламентарни избори се уште не се на повидок. Шансите се тие да бидат редовни и тоа некаде од почетокот на мај 2024 година. Давањето мислења како АХ отсега ќе се натпреварува на избори не само што е прерано туку и неодговорно.”

Вака бившиот пратеник Сурја Рашиди ја коментираше изјавата на Зијадин Села, кој најави дека АзА ќе оди сама на парламентарните избори.

“АзА е автономна партија и сама ќе оди на избори, и точка“, рече Села.

Партијата има свои органи на управување, возврати Рашиди. “Тие тела ќе донесат вистинска одлука во вистинско време и момент. И ова ќе биде „ТОЧКАТА“.”

“Партијата е најголемиот поим. Многу поголем од кој било поединец, без разлика колку е „голем“ и колку и да мисли дека е голем. Поединецот има право да дава мислења, но не и да носи одлуки”, напиша Рашиди на неговиот фејсбук профил.

Related posts

Администрацијата ќе се штити од сајбер напади за 45 милиони евра

admin

Зголемени активности на македонските безбедносни служби по судирот меѓу Израел и Хамас

admin

Расте притисокот Рамиз Мерко да се повлече од функцијата

admin

ХАОС НАМЕСТО РЕД СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПЛАТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

ninja

Гир загрижен, коридорите 8 и 10д не треба да се означат со европското знаме

admin

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

ninja