27.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Иран извршил воздушни напади во Ирак и во Сирија

Ракетирањето на цели во Ирак и во Сирија е одмазда за убиството на висок ирански генерал и за неодамнешните терористички напади во Иран. Во ракетниот напад на ирачкиот град Ербил загинале четири лица.

Иранската револуционерна гарда изврши напади со балистички ракети врз повеќе „терористички“ цели во Сирија и во автономниот ирачки регион Курдистан, објавија денеска државните медиуми во Иран.

Во нападите се уништени „шпионски штаб“ на израелската тајна служба Мосад и „собир на антиирански терористички групи“ во Ербил, главниот град на ирачки Курдистан, објави официјалната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на соопштение на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Нападите врз цели во ирачкиот Курдистан се одмазда убиството на генерал на Гардата во близина на Дамаск кон крајот на декември, за кое Иран го обвини Израел, соопшти ИРГЦ.

Иранската револуционерна гарда располага со широк опсег на ракети, вклучувајќи и балистички ракети
Иранската револуционерна гарда располага со широк опсег на ракети, вклучувајќи и балистички ракети Фотографија: Morteza Nikoubazl/NurPhoto/picture alliance

Во нападите во Ербил загинаа четири лица, а шест се ранети, соопшти Советот за безбедност на ирачки Курдистан.

Истакнатиот бизнисмен Пешрау Дизаје е меѓу неколкуте убиени цивили, соопшти Демократската партија на Курдистан.

Иранската револуционерна града, исто така, погоди цели во Сирија со балистички ракети, вклучувајќи и „места на собирање команданти и клучни елементи поврзани со неодамнешните терористички операции, особено групата Исламска држава“, беше објавено на нејзиниот веб-портал Сепах њуз.

Се додава дека нападот во Сирија бил одговор на неодамнешните напади на терористичките групи кои убија Иранци во јужните градови Керман и Раск.

Во терористичкиот напад во иранскиот град Керман загинаа десетици луѓе, кои ја одбележуваа годиншнината од убиството на истакнатиот генерал на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани
Во терористичкиот напад во иранскиот град Керман загинаа десетици луѓе, кои ја одбележуваа годиншнината од убиството на истакнатиот генерал на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани Фотографија: Fars/ZUMA Press Wire via picture alliance

На 3 јануари, бомбаши самоубијци нападнаа толпа луѓе собрани во близина на гробот на почитуваниот генерал на ИРГК Касем Сулејмани во Керман, при што загинаа околу 90 луѓе. Терористичката организација Исламска држава подоцна ја презеде одговорноста за нападот.

Во декември, најмалку 11 ирански полицајци беа убиени во напад на полициската станица во Раск. Одговорноста ја презеде џихадистичката група Џаиш ал-Адл (Армија на правдата), која е формирана во 2012 година и која Иран ја стави на црната листа како „терористичка“ група. /DW

Related posts

Никола Димитров: Царот е гол!

admin

ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПРИБЛИЖУВАЊЕ ВО ТИРАНА

ninja

Украина воведува портпарол на Министерството за надворешни работи создаден од вештачка интелигенција

admin

Ковачевски-Сарацин: Гласот за уставните измени е глас за ЕУ

admin

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ИЗМЕСИ ЛЕБ И БУРЕК

ninja

АКАДЕМИК БЕЏЕТИ: ГИ ПОВИКУВАМ ЌУЛАВКОВА И ПАВЛОВСКИ НА НАУЧНО, НО И ПОЛИТИЧКО СООЧУВАЊЕ ЗА ПОПИСОТ

ninja