12.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Нов штрајк во Луфтханза

Германскиот синдикат Верди повика дел од копнениот персонал на авиокомпанијата Луфтханза да стапи на нов штрајк на главните германски аеродроми од среда до петок, бидејќи останува незадоволството во преговорите за зголемување на платите, јави DW.

Верди соопшти дека не е постигнат договор во последната рунда преговори и повикува на штрајк од среда во 6 часот наутро по локално време до петок во 23:59 часот.

Со штрајкот се опфатени само одредени категории на копнениот персонал, а тоа се вработените од техничките и обучувачките служби. Синдикатот додаде дека патничкиот сообраќај нема да биде погоден од штрајкот.

„Доколку продолжи неодговорното однесување на управата на Луфтханза, патниците наскоро би можеле повторно да бидат погодени од штрајкови“, велат од синдикатот и додаваат дека раководството на авиокомпанијата може да го спречи тоа.

Верди бара зголемување на платата за 12,5 отсто, со најмалку 500 евра повеќе веднаш на месечниот список, како и бонус за инфлација од 3.000 евра.

Целта е да се неутрализира инфлацијата во последните години во Германија, која минатата година достигна 5,9 отсто, по 6,9 отсто во 2022 година.

Последната понуда на Луфтханза вклучуваше долгорочно зголемување на платите, но не ги исполни другите барања на синдикатот, наведе Верди.

Наредната рунда преговори ќе се одржи од 13 до 14 март.

Ова е трет предупредувачки штрајк на копнениот персонал на Луфтханза во 2024 година. Предходните два еднодневни штрајкови, на почетокот и на средината на февруари предизвика укинување на стотици патнички летови на авиокомпанијата. Речиси 100.000 патници тогаш беа погодени од штрајковите.

Германија се соочува со серија штрајкови кои особено го погодуваат сообраќајниот сектор, но и индустријата и други услуги.

Вработените сметаат дека предложеното зголемување на платите е недоволно со оглед на зголемувањето на цените од 2022 година.

Related posts

Во екот на туристичката сезона, проблемот конечно решен- Здравствена заштита во Дојран ќе добиваат и туристите

admin

Инфлацијата во Еврозоната на рекордно ниво

ninja

Никој не може да го отповика градоначалникот ако сам не го направи тоа – Во првата верзија на законот имало можност, во сегашната нема

admin

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

admin

Бајден и Мекарти постигнаа пробен договор за плафонот на американскиот долг

admin

“Летечка дискотека со туш”, нова понуда за супербогатите

admin