21.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Платформа #1198 – Што ветува Мицкоски?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја презентираше програмата на партијата за претстојните парламентарни избори на 8 мај, насловена „Платформа #1198“. Мицкоски рече дека во програмата се содржани 1198 проекти „за решение на огромен број проблеми на граѓаните“, јави РСЕ.

На обраќањето на Мицкоски му претходеа пет партиски дебати за различни области.

„Во целост, Платформа 1 198 е политички план што се потпира на еден модерен и прецизен пристап кон управување со ресурсите, квалитетен живот и динамичен економски развој“, рече Мицкоски.

Програмата се потпира на неколку клучни столбoви: активна и постојана борба за квалитетен животен стандард, отворање на фронт против корупција, институтциите да работат според законите, обезбедување на функционален систем за граѓаните, заеднички патриотизам и непоколебливо почитување на правата и слободите на луѓето.

Најдоминантно значење, како што кажа Мицкоски, во програмата има економијата.

„Со платформа 1 198 се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно, ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво под 3,0% од БДП, намалување на невработеноста до 7,5% односно создавање на нови 55 илјади работни места“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ подетално се осврна на делови од програмата. Најави укинување на балансерот, побара поддршка од партиите за Парламент со 90 пратеници, за една изборна единица, а најави доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на чело на Владата реорганизација на институциите и ново министерство за енеретика и министерство за социјална политика, демографија и млади.

Првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Related posts

Десетици закони и одлуки во Собрание чекаат „брзи прсти“

admin

Средба Груби – Грвала: Регионот е побезбеден како дел од НАТО и ЕУ

ninja

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕУ: „СРАМНИ ПОСТАПКИ“

ninja

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

admin

Кабинет на Ковачевски: За осуда е неинтонирањето на македонската химна и истакнување недржавни знамиња

admin