34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арсовска со отворено писмо до Рокас: Во Македонија мафијата си има држава

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во отворено писмо до амбасадорот на Европската унија во земјата, Михалис Рокас, изрази загриженост поради, како што наведе, институционалната неактивност во однос на закани по нејзината безбедност и откривањето на криминални случаи во главниот град.

Писмото е објавено во време кога Скопје е домаќин на Самитот ЕУ–Западен Балкан, со присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, и е наменето да ја алармира ЕУ за, како што тврди Арсовска, „институционалната заштита на криминални групи“.

„Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“, наведува Арсовска во пораката упатена до Кос преку амбасадорот Рокас.

Според Арсовска, Министерството за внатрешни работи не презело никакви дејства по нејзините пријави за закани, кои, како што вели, ги добива поради откривање на коруптивни случаи. Таа обвини дека не добила институционална заштита ниту како жена, ниту како избрана функционерка која не припаѓа на доминантните политички структури.

Во писмото, таа посочи и на неодамна откриена, како што ја нарекува, „организирана криминална мрежа“ во Општина Чаир, предводена од градоначалникот Висар Ганиу. Според Арсовска, оваа група со фалсификувани документи им овозможила на поединци, вклучително и малолетници, да стекнат значителни финансиски средства. Таа вели дека Основното јавно обвинителство веќе започнало истрага по овие наводи.

„Нашите инспектори беа изложени на насилство – гумите им беа пресечени со ножеви, добиваа закани по животот. Заканите се пријавени, но правдата доаѓа премногу бавно“, пишува Арсовска.

Таа побара од Европската комисија да го засили вниманието кон овие случаи, со порака дека европската поддршка би била сигнал дека корупцијата и организираниот криминал нема да се толерираат.

Европската комисија и Министерството за внатрешни работи засега не се изјаснија за овие наводи.

Related posts

Путин отворен за примирје со Украина, но без големи територијални отстапки

admin

Унгарија отвори истрага за заемот за Македонија: Под сомнеж речиси милијарда евра

admin

Еуростат: САД најголем странски инвеститор во ЕУ

admin

Еден кандидат не го потпиша кодексот за фер и демократски избори

admin

Масовен марш за Газа во Сиднеј

admin

Таравари во Тирана кај Рама: Разговор со „најевропскиот премиер на моментот“

admin