14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Македонската влада со нова мерка за практикантство за млади невработени лица

Над 1.300 невработени млади лица до 29 години ќе бидат опфатени со новата мерка за практикантство, претставена во четвртокот од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, како дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2025 година.

Со мерката се предвидува тримесечен ангажман на 1.352 лица со обезбеден месечен надомест од 12.000 денари, платено осигурување и персонален данок. Целта, според министерот, е младите да стекнат практични работни вештини што ќе им помогнат полесно да се интегрираат на пазарот на труд.

„Ова е инвестиција во капацитетите на младите и нивната конкурентност,“ изјави Дурмиши на прес-конференција, додавајќи дека интересот за активните мерки е рекорден – досега се поднесени 6.026 апликации од компании, а селекцијата веќе е во тек.

Аплицирањето за фирмите завршува утре. Мерката е дел од пошироките напори на владата за намалување на младинската невработеност во земјата.

 

 

Related posts

Министерот по име Фатмир (не)оди против студентите Албанци

admin

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани со ултиматум: по 3 октомври маршевите стануваат блокади

admin

Четири илјади заболени: Кој навистина потфрли во кризата со водата во Гостивар?

admin

Претседателот на РКЕ Бислимоски поднесе оставка по кривична пријава

admin

Четири лица загинаа во судир меѓу воз и училишен минибус во Белгија

admin

Мицкоски откри кога одиме на гласање – првиот круг веќе доби датум!

admin