10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани со ултиматум: по 3 октомври маршевите стануваат блокади

Родителите на 62-те загинати во пожарот во дискотеката во Кочани порачаа на денешниот 24-ти „Марш на ангелите“ дека нема да ги заборават своите деца и дека ќе ја бараат правдата до крај.

Тие побараа од надлежните институции да ја проценат обвинителната постапка и да закажат судски рочишта. Ако тоа не се случи во најскоро време, најавија дека од 3 октомври повеќе нема да има мирни маршеви, туку ќе следат поинтензивни протести и блокади низ земјата.

Трагедијата на 16 март годинава одзеде 62 животи и повреди над 200 млади луѓе. И покрај тоа што поминаа шест месеци, Кривичниот суд сè уште нема закажано рочиште за случајот.

„Овој марш е симбол на единство, достоинство и глас што бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината што им ја должиме“, се наведува во соопштението на граѓанското здружение „16 март 2025 Кочани“.

Маршот започна од Паркот на револуцијата, помина покрај Трговскиот центар, Општината и Даночната управа, а потоа продолжи до полициската станица, Основниот суд и Обвинителството. Колоната се врати во Паркот на револуцијата.

 

Related posts

Конгресот вети дополнителна помош за Украина по разговорот со Зеленски

ninja

Дата-центарот ја крена Пехчевско на нозе: советниците едногласно ја отфрлија иницијативата

admin

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

Осуден разбојник бил ослободен од затворски полицаец во Идризово

admin

ВЛЕН ја обвини ДУИ за „систем на извлекување пари“

admin

Зголемен сообраќај на границите на Србија и Северна Македонија, чекања до три часа

admin