8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да реагира за наводно незаконско следење од АНБ и АР

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во четврток го повика Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски да реагираат за, како што тврди, незаконското следење и злоупотребата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) во времето на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.

„ЈО и Коцевски повеќе да не молчат – јавноста мора да дознае кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Александар Николоски обвини дека преку тајните служби бил развиен „тристепен генерален план“ за запирање на политичкото делување на партијата, додека неговиот колега Драган Ковачки рече дека „Обвинителството треба да се издигне на клоци“ ако не отвори истрага.

Од опозицискиот СДСМ, пак, одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ ја користи „шпиунската афера“ како предизборен маркетинг и дека единствено декласификацијата на документите може да ја покаже вистината. „На ВМРО-ДПМНЕ оваа афера ќе им пукне како петарда во рацете,“ изјави лидерот на партијата, Венко Филипче.

На последната седница во Собранието, Филипче го повика премиерот Христијан Мицкоски да дозволи декласификација на материјалите од АНБ. Мицкоски возврати дека „не е надлежен“ за таква одлука, но додаде дека прислушувањето се случувало во времето на неговите претходници Димитар Ковачевски и Зоран Заев.

Пратеници од собраниската комисија извршија надзор во АНБ, но информираа дека немале можност за увид во документите. Надзорот ќе продолжи и во Агенцијата за разузнавање.

 

 

Related posts

Мицкоски: Нема услови за отворање на Уставот, реформите на Уставниот суд ќе чекаат

admin

Ќе претседава ли Северна Македонија уште една година со ОБСЕ?

admin

Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборите

admin

Зад затворени врати се крои решение со Бугарија? Муцунски потврди интензивни контакти

admin

Калас: Северна Македонија пред историска одлука – дали конечно ќе тргне кон ЕУ?

admin

Историската комисија меѓу чеканот и наковалната

admin