35.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Државниот обвинител Коцевски предупредува дека недостигаат средства за вештачења и истраги

 

Главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во четвртокот ги предупреди пратениците дека обвинителствата ќе останат без средства за вештачења и финансиски истраги доколку предложениот буџет за 2026 година не се зголеми.

Коцевски се обрати на почетокот на собраниската расправа за буџетот, наведувајќи дека обвинителството не бара повисоки плати, туку минимални услови за работа. Тој рече дека финансиите за вештачења биле намалени, иако трошоците за сложени постапки растат.

„Едно вештачење на мостра од мазут чини 1.500 евра, а треба да се анализираат повеќе од 300 примероци,“ изјави Коцевски, истакнувајќи дека тековните средства не се доволни за спроведување на истрагите.

Според него, обвинителствата во изминатата година работеле со буџет преполовен во однос на законски утврдениот минимум, што довело до сериозни ограничувања во справувањето со криминалот и недоволна кадровска покриеност.

Коцевски оцени дека состојбата е „алармантна“ и побара итно обезбедување на дополнителни средства за технички вештачења, финансиски анализи и ангажман на потребен стручeн кадар.

Обвинителството, рече тој, ќе продолжи да ги извршува своите надлежности, но предупреди дека без поголема поддршка од државата дел од предметите може да се одложат поради недостиг на ресурси.

Related posts

Бугарија чека влада, македонската влада – соговорник

admin

Министерката Јаневска: Новата концепција за гимназиско образование ќе ги подобри резултатите на учениците

admin

Гласање по пошта или изборен грабеж? Нов судир меѓу власта и опозицијата

admin

Предвремени избори сепак можни? Мицкоски кажа под кој услов би прифатил

admin

Светот во најопасна точка од Студената војна наваму

admin

Почина Сем Нил, легендарниот актер од „Jurassic Park“

admin