14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува Лафчиски со Медал за истакната служба

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, му го додели Медалот за истакната служба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на церемонија во Генералштабот во Скопје.

Одликувањето, соопштија од Армијата, се доделува за „извонредна и витална поддршка“ на Програмата за државно партнерство меѓу Северна Македонија и САД. Најт истакна дека лидерството и експертизата на Лафчиски позитивно влијаеле врз напорите на земјата за исполнување на НАТО-целите.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Лафчиски изразиле благодарност за придонесот на Најт и ја нагласиле важноста на 30-годишното партнерство со Националната гарда на Вермонт. Во разговорите биле посочени и приоритетите за понатамошна соработка, вклучувајќи го развојот на воениот полигон „Криволак“, обуката на персоналот и заедничките вежби.

Најт рече дека партнерството со Армијата претставува „извонредно искуство“ и додаде дека напредокот и професионализмот низ годините се „впечатливи и вредни за признание“. По повод неговиот завршен мандат, Мисајловски и Лафчиски му врачија пригодни подароци.

Генералот Најт денеска одржа средба и со премиерот Христијан Мицкоски, а во текот на денот е најавена и средба со претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.

Related posts

Му влегле во куќата, физички го нападнале и му ги одзеле парите

admin

ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да реагира за наводно незаконско следење од АНБ и АР

admin

Над 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток

admin

Пропадна средбата на опозицијата: СДСМ не дојде, Левица обвинува за политички театар

admin

Политико: ЕУ, САД и Русија одржаа тајни разговори неколку дена пред кризата во Нагорно-Карабах

admin

Дали ВМРО-ДПМНЕ е ,,ужасно силна” за ВЛЕН? По нападите од ДУИ, Ќоку возврати

admin