14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Северна Македонија прогласи седумдневна кризна состојба поради отежната набавка на мазут

Владата на Северна Македонија на денешната редовна 138. седница прогласи седумдневна кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, поради отежнатата набавка на мазут, соопшти кабинетот.

Одлуката следува по барање на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за овозможување користење на државните резерви на мазут, со цел да се обезбеди стабилно греење и непречено производство на електрична енергија.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, изјави дека државата располага со доволни резерви на мазут и дека нема да има енергетска криза или рестрикции на струја за домаќинствата.

„Нема да има никаква криза, државата има резерви од мазут, и ЕСМ може непречено да се снабдува со нив“, рече Божиновска.

Кризната состојба ќе трае седум дена и се однесува на целата територија на земјата, како мерка за брзо реагирање во случај на евентуални нарушувања во снабдувањето со електрична енергија.

Related posts

Даути: Стратегијата за развој мора да биде инклузивна, само така ќе имаме резултати

admin

ДУИ му возврати на Меџити: Кога зборува за парцели, зборува за себе

admin

Меџити: Вреди ќе биде фаворит на локалните избори, Таравари треба сам да си замине

admin

Мицкоски: Времето на Македонија допрва доаѓа

admin

Европа загрижена од планот на САД за руските средства за плаќање на Украина

admin

Судот го прифати второто обвинение за случајот „Кочани“

admin