28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче и Муцунски реагираат на Ахмети: Не може да се растура Македонија како Југославија

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, и шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, остро реагираа на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нарекувајќи ги политички мотивирани и историски неточни.

Филипче оцени дека барањата на Ахмети се „само за негово лично политичко поентирање“. „Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија. Нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се промени ниту пак се негува на начин кој го предлага господинот Ахмети“, рече Филипче.

Тој додаде дека изјавата на Ахмети за „растурање на Југославија“ не значи дека истата тактика би можела да успее во Македонија. „Ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија, можам да порачам дека нема да победи на овој начин“, нагласи Филипче.

Муцунски, пак, оцени дека Ахмети „живее во политички фолклор од пред 20 години“ и дека неговите барања за Бадентеровиот механизам и двојно мнозинство при избор на влада се уставно-правно нелогични. Тој предупреди дека прифаќањето на таквиот пристап би го претворило Уставниот суд во „втор законодавен дом“, што е спротивно на неговата примарна функција како контролор на уставноста и законитоста.

Ахмети на конгресот на ДУИ најави нов „Национален договор за напредок“, предложи ветинг со меѓународен надзор за функционерите од последните 34 години и постави три клучни мерки: избор на влада со двојно мнозинство, примена на Бадентер механизам и продлабочена децентрализација. Според него, двојното мнозинство би обезбедило „двоен легитимитет“ за заедниците, а Бадентеровиот механизам во Уставниот суд би го ограничил поништувањето на закони изгласани со двојно мнозинство.

Муцунски истакна дека ваквите предлози ја враќаат дебатата две децении наназад, затоа што ДУИ се обидува да ја капитализира позицијата пред помладите генерации, и предупреди дека ваквиот пристап ја остава партијата подолго во опозиција, наместо да се фокусира на животен стандард и реформи.

 

 

Related posts

Извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија предизвика политичка бура во Скопје и Софија

admin

СПАСОВСКИ ЗА ТОП НЈУЗ:  Дојавите за бомби се хибридна војна, Руската агресија врз Украина ја торпедираше појавата на лажни вести на едно повисоко ниво

admin

СДСМ: Скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали средствата за чист воздух и ја фаворизираше корупцијата

admin

Мицкоски: Не го познавам лично Савески, но Владата го оцени како соодветен кандидат за државен обвинител

admin

Зеленски: Употребата на Русија на напреден проектил е остра ескалација на војната

admin

Милан Ковач си заминува од Тесла – ја напушта програмата што Маск ја нарече вредна 25 трилиони долари!

admin