15.8 C
Скопје
13 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мајка сведочи на судењето за „Пулс“: Полицаец одби да помогне додека се обидував да спасам деца

Со потресни сведочења на родители на загинати деца, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која загинаа повеќе млади лица.

Мајка на загинато девојче изјави пред судот дека во хаосот по избувнувањето на пожарот побарала помош од припадник на полицијата, но дека ѝ било кажано оти тој „не е обучен“ да постапува во таква ситуација. Таа сведочеше дека со голи раце кршела ѕид за да овозможи воздух за девојчиња заглавени во тоалетите на објектот.

„Се обидував да спасам деца, но немаше кој да помогне“, рече таа, обраќајќи се низ солзи пред судскиот совет.

На истото рочиште сведочеше и мајката на Андреј, уште една од жртвите на пожарот, која изјави дека нејзиниот помлад син и денес се соочува со тешки психолошки последици, обвинувајќи се себеси што не успеал да го спаси братот.

„Тие десет минути можеби беа клучни“, изјави таа, додавајќи дека семејството и понатаму живее со траумата од загубата.

Судењето, кое се одржува во судницата во Идризово, влезе во фаза во која се сослушуваат законските застапници и родителите на оштетените, како сведоци предложени од Обвинителството. Следното рочиште е закажано за 14 јануари, кога треба да сведочат уште петмина сведоци.

Обвинетите во предметот се товарат за низа кривични дела поврзани со безбедносните пропусти во дискотеката, додека процесот внимателно го следи јавноста поради тежината на трагедијата и барањата за одговорност.

 

Related posts

Украина пресмета колку чини еден руски војник: Бројката открива како се менува војната

admin

5 пораки од источните избори во Германија

admin

Мерката за намалување на цените – повеќе популизам отколку реален ефект

admin

„Крајот на Шенген“: Новите гранични контроли на Германија го ставаат на ризик единството на ЕУ

admin

САД против ЕУ во битката за ВИ: Вашингтон бара слобода, Брисел испраќа инспекции

admin

Ковачевски пред странските студенти: Отворен Балкан создава нови перспективи за Северна Македонија

admin