22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ќе станат ли кафулињата „зони без чад“? Новиот закон ги менува правилата

Владата на Северна Македонија подготви нов, значително построг закон за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни простори, вклучувајќи кафулиња, ресторани и барови, како и дополнителни ограничувања за пушење во автомобилите, според нацрт-верзијата на законските измени.

Предлог-законот, кој допрва треба да биде ставен на јавна расправа, има за цел унапредување на јавното здравје и поголема заштита на непушачите, особено на децата, наведуваат извори запознаени со подготовката на документот.

Според предложените одредби, пушењето ќе биде забрането и во автомобил доколку во возилото има малолетно лице, а ограничувањата ќе се однесуваат и на електронските цигари и другите никотински производи. Забраната ќе важи и за затворени или целосно заградени тераси, кои досега често се користеа како исклучок од постојните правила.

Македонија со ова би добила еден од најрестриктивните антипушачки закони во регионот, што би значело значителна промена за угостителскиот сектор и за навиките на пушачите.

Од Владата најавуваат дека по јавната дебата ќе следи доработка на текстот, по што предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на усвојување. Засега не е прецизиран датумот кога новите мерки би стапиле на сила.

 

Related posts

Разоткриена мрежа за шверц на мазут, уапсени бизнисмени во голема полициска акција

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin

Тајни разговори со Бугарија: Муцунски тврди дека се бара трајна деблокада на патот кон ЕУ

admin

Османи: Албанците ризикуваат статус од пред Охридскиот договор!

admin

Русија предупредува на „последици“ и го повлече амбасадорот од Лондон

admin

Не можете да размислувате од стрес? Психијатар откри четири техники што смируваат за неколку минути

admin