34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Политички театар околу Бадентер: Македонија без омбудсман, политичарите се пазарат зад затворени врати

Северна Македонија повеќе од шест месеци е без Народен правобранител, откако владејачката коалиција не успева да обезбеди Бадентерово мнозинство за избор на нов омбудсман, а клучната опозициска партија ДУИ одби да го поддржи предложениот кандидат.

По разговорите меѓу пратениците што следуваа по лидерската средба, од Демократската унија за интеграција соопштија дека нема да дадат поддршка за Фатон Селами, кандидатот кој претходно беше избран на Комисијата за избори и именувања.

„За Фатон Селами не е постигнат договор. Нашите забелешки се однесуваат на неговиот професионален бекграунд и кредибилитет“, изјави портпаролката на ДУИ, Арта Биљали Зендели.

Изборот на Народен правобранител бара т.н. Бадентерово мнозинство – покрај вкупно мнозинство, потребна е и поддршка од мнозинство пратеници од немнозинските заедници, што владејачката коалиција во моментов го нема.

Политички застој и „креативни решенија“

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е можно решение „во наредните ден-два“, додека премиерот Христијан Мицкоски најави „креативни решенија“, без да прецизира детали.

Според парламентарни извори, една од опциите е постапката да се врати во Комисијата за избори и именувања, која би предложила друг кандидат од веќе пријавените, наместо да се поништи целиот процес и да се распише нов конкурс, што би траело неколку месеци.

Скептицизам дека Селами може да обезбеди поддршка на пленарна седница постои и кај дел од пратениците од владејачкото мнозинство, кои признаваат дека недостигаат пет до шест гласа од немнозинските заедници.

Институција без прв човек

Канцеларијата на Народниот правобранител е без раководител од јули 2025 година, кога дотогашниот омбудсман Насер Зибери замина во пензија. И покрај тоа, институцијата продолжува да прима претставки од граѓаните.

Според неофицијални податоци, во 2025 година бил забележан мал пад на бројот на претставки во однос на 2024 година, кога биле поднесени 2.705. Работата ја вршат двајца заменици, но годишниот извештај не може формално да биде усвоен без избран омбудсман.

Вработените предупредија дека институцијата ризикува губење на членство во меѓународни организации поради немање овластено лице за потпишување акти и преземање финансиски обврски.

Други закони исто така блокирани

Застојот околу Бадентеровото мнозинство влијае и врз други законски решенија. Меѓу нив се и измените на Изборниот законик и Законот за локална самоуправа, за кои се потребни и Бадентерово и двотретинско мнозинство.

Наспроти тоа, пратениците очекуваат побрз договор за измените на Законот за прекршоци, за кои не е потребен Бадентер, а се неопходни за старт на проектот „Безбеден град“, кој предвидува автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци преку камери од 1 февруари.

Related posts

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja

МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ДОГОВОРИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

ninja

Од Грција директно во ред за казна: странските туристи заглавија на Табановце

admin

Превирања во коалицијата: Мицкоски вели дека Таравари има две опции

admin

Брижит Макрон бесна поради пораки? Нова книга ја тресе француската политика

admin

Меџити до Костадиновски: Ако сакаш политика, остави го Уставниот суд

admin