8.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски со порака до СДСМ: Кој се повлекува, го губи политичкиот простор

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека на политичката сцена не постои „празен простор“ и дека секоја партија што ќе се повлече ризикува да биде заменета од друг политички субјект.

Мицкоски ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање дали неучеството на СДСМ на последната лидерска средба може да отвори простор партијата Левица да се позиционира како главна опозициска сила во земјата.

„Кога го напуштате политичкиот простор, тогаш некој друг ќе го запоседне. Така функционираат работите“, рече Мицкоски по посетата на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром.

Тој додаде дека не може да предвиди која политичка партија би можела да го пополни таквиот простор, но оцени дека одлуката за неучество на лидерската средба е избор на самото раководство на СДСМ.

„Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Моја препорака би била да се појават на лидерска средба и да разговараме за темите што се важни за граѓаните“, изјави премиерот.

Мицкоски нагласи дека како влада имаат обврска да се однесуваат одговорно, откако, како што рече, ја добиле довербата од граѓаните на избори. Тој додаде дека учесниците на лидерската средба ја оцениле како конструктивна, со размена на конкретни предлози и ставови.

СДСМ не учествуваше на средбата, а од партијата претходно соопштија дека нема услови за суштински дијалог.

 

Related posts

ЛУКОИЛ тоне, ризикува да губи 14 милијарди евра

admin

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

admin

Русија забележува пад на поддршката на САД за Украина

admin

Ангелов може да ја напушти владата на СДСМ и ДУИ

admin

УЧЕБНИЦИ И НАТАМУ НЕМА, ЌЕ ИМА САМО НОВ ЗАКОН

ninja