10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скопје ќе набави 100 еколошки градски автобуси

Скопје ќе набави 100 нови, целосно еколошки градски автобуси, со што јавниот превоз во главниот град ќе влезе во нова фаза, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски изјави дека набавката ќе се реализира со одлука на Владата и дека станува збор за современи автобуси кои треба да придонесат за подобрување на квалитетот на јавниот превоз и намалување на загадувањето на воздухот.

„Ова е суштинска трансформација на јавниот превоз во Скопје и чекор што директно ќе влијае врз секојдневието на илјадници граѓани“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.

Најавата следува откако премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти дека Владата обезбедила средства за набавка на вкупно 150 електрични автобуси, од кои 100 ќе бидат наменети за потребите на Град Скопје.

Ѓорѓиевски му се заблагодари на премиерот за, како што наведе, поддршката во реализацијата на проектот, оценувајќи дека проблемите со јавниот превоз постепено ќе бидат надминати.

Засега не се соопштени детали за динамиката на испораката, вредноста на набавката и техничките спецификации на автобусите, ниту кога тие ќе бидат ставени во редовна употреба.

Related posts

Вториот круг како трето полувреме за Ахмети

admin

На брегот крај Драч имаат имоти многу политичари од РСМ

admin

Битката против криминалот зема замав

admin

КОВАЧЕВСКИ ПРЕДЛАГА НАГРАДА ПОРАДИ СПАСЕНИОТ СИСТЕМ НА ФЗО

ninja

Европа здивна по договорот САД–Иран: „Чекор назад од работ“, но стравот од нова енергетска криза останува

admin

АКАДЕМИК БЕЏЕТИ: ГИ ПОВИКУВАМ ЌУЛАВКОВА И ПАВЛОВСКИ НА НАУЧНО, НО И ПОЛИТИЧКО СООЧУВАЊЕ ЗА ПОПИСОТ

ninja