Во Кочани денеска беше откриено спомен-обележје за Илчо Гоцевски, возач на Брзата помош, кој загина при спасувањето на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Обележјето е поставено пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, а откривањето беше означено со звук на сирена на болничко возило во чест на пожртвуваниот херој. Гоцевски, на 64 години, почина по исцрпувачка ноќ додека спасуваше повредени.
Општина Делчево, исто така, најави уредување парк во негова чест и поставување на спомен-плоча, како знак на трајна почит кон неговата храброст и посветеност.
Сопругата на Гоцевски изјави дека болката по загубата не поминува, туку се учи да се живее со неа, нагласувајќи ја човечката пожртвуваност на својот сопруг.

