10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Собранието го разгледува предлог-законот за забрана на двојно државјанство кај пратениците

Собранието со 77 гласа „за“ и осум „против“ го стави во процедура предлог-законот со кој се предвидува забрана за двојно државјанство кај пратениците, иницијатива поднесена од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот доаѓа во услови на политички обвинувања од опозицијата дека дел од владејачките пратеници поседуваат и бугарски пасоши.

Пратеникот Антонио Милошоски изјави дека со измените ќе се стави крај на, како што рече, „партиските препукувања и шпекулации“ околу државјанствата на народните избраници.

„За да биде пратеник во македонското Собрание секој ќе мора да има само државјанство на Македонија. Овој закон е планирано да стапи во сила со денот на објавување во Службениот весник, што значи дека ќе важи и за овој пратенички состав“, рече Милошоски.

Од опозициската СДСМ соопштија дека ќе ги поддржат измените, но најавија амандмани со кои ќе се прецизира дека забраната ќе важи и за актуелните пратеници, како и за други избрани и именувани функционери.

„Класична измама на власта… никаде не е јасно кажано дека тоа ќе важи и за овој актуелен пратенички состав. Затоа ќе реагираме со амандмани“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Сличен став изрази и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која повика законот да се применува веднаш и без исклучоци за сите функционери.

Од Европскиот фронт, пак, се изјаснија против предлогот. Пратеникот Скендер Реџепи оцени дека решението е спротивно на Уставот и ги ограничува правата на дел од граѓаните.

„Со овој закон им се оневозможува на одредени граѓани да се кандидираат за пратеници, иако имаат законско право на двојно државјанство“, рече Реџепи.

Ова е втор обид на ВМРО-ДПМНЕ да протурка вакво законско решение, откако сличен предлог во 2021 година не беше изгласан поради противење од партии од албанскиот политички блок.

Предлог-законот сега влегува во понатамошна собраниска процедура, каде се очекува интензивна дебата и можни измени преку амандмани.

Related posts

Димитриевски ја поддржа иницијативата за ревизија на Бадентеровото правило

admin

ФИДЕШ на Орбан ќе ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ за победа на парламентарните избори во 2024

admin

Република Српска: Одмазда за германските санкции

admin

Бајден ја продолжи вонредната состојба на Западен Балкан, ќе бидат санкционирани сите кои го попречуваат мирот и демократијата

admin

Официјално се регистрирани 780 нелегални градби, за Чаир и за неколку општини нема податоци

admin

Германија влегува во ризичен гасен рулет: резервите паднаа на историски минимум

admin