22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за проневера и злоупотреба на службена положба, соопштија надлежните институции.

Акцијата ја спровеле полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Од МВР информираа дека лицето со иницијали М.С. е лишено од слобода поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.

Според првичните информации, случајот се однесува на наводна злоупотреба на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Од Обвинителството потврдија дека постапката е во тек и дека се преземаат дополнителни дејствија по наредба на јавен обвинител.

„Се уште се преземаат дејствија, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по нивното завршување“, соопштија од Обвинителството.

Сејдини ја извршуваше функцијата претседател на ФФМ во два мандати, од 2019 до 2025 година.

Според претходни наоди на Федерацијата, договорот за изградба на трибина бил изменет со вметнување на услов за авансно плаќање од 20 отсто, што не било дел од првично одобрената понуда. Авансот бил исплатен без банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Сејдини претходно беше суспендиран на две години поради, како што беше наведено, „измама и доведување во заблуда на Управниот одбор“.

Related posts

Трилинг на ТВ24: Дел од експертите ќе работат „про боно“, дел со хонорари

admin

СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ПРЕД ДА СТАПИ НА СИЛА

ninja

Македонија добива милијарди од Британија – дали ова е план Б за ЕУ?

admin

ИЗДАДЕНА ДЕВЕТТА ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОТПЛАТА НА СТАРИ ДОЛГОВИ

ninja

Ограбен домот на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи – украдени се пари и семејни вредности

admin

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

admin