12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Советниците на СДСМ бараат вонредна седница и итни мерки по трагедијата во Кисела Вода

Советниците на СДСМ во Општина Кисела Вода побараа итно свикување на вонредна седница на Советот и преземање на мерки по трагедијата на градилиште, во која загина еден работник, а неколкумина беа повредени.

Во соопштението, тие изразија сочувство до семејството на загинатиот и посакаа брзо закрепнување на повредените.

„Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности и почитувањето на прописите“, се наведува во реакцијата.

Советниците соопштија дека поднеле барање за вонредна седница, на која ќе предложат конкретни мерки, вклучително и формирање независна стручна комисија за проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината.

Тие бараат и воведување привремен мораториум на градежните активности сè додека не се утврди дека се безбедни и во согласност со законските прописи, како и целосна транспарентност преку јавно објавување на сите документи и дозволи поврзани со градбите.

Дополнително, предложени се мерки за заштита на граѓаните, вклучително и проценка на ризик и евентуална евакуација на лица и објекти во опасност, како и обезбедување помош за погодените.

„Ова не е прашање на политика, туку прашање на безбедност и човечки животи“, истакнуваат советниците.

Тие повикаа седницата да се одржи без одложување и да резултира со конкретни чекори што ќе гарантираат поголема безбедност на сите градилишта во општината.

Related posts

Филипче: „ВМРО-ОКГ ја турка Македонија во изолација“

admin

Анализа на РСЕ: Ние НЕ сме Европа

admin

Убиен човекот кој го запали Куранот

admin

Владата ја одби понудата на Ryanair, условите ги оцени како „невозможни“

admin

Курти и Мицкоски рамо до рамо на конгресот на ВЛЕН

admin

Мицкоски оди во Тиват по новата формула за ЕУ: Нема отстапки за македонскиот идентитет

admin