8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е „про-форма“ без суштинска улога

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Националниот совет за евроинтеграции во моментов има исклучиво протоколарна функција, поради отсуство на материјали и конкретна реформска агенда за работа.

Говорејќи на национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во Европската Унија, организирана од Институтот за европска политика, Филипче рече дека состаноците на Советот најчесто се сведуваат на презентации од амбасадори на европски земји, без конкретни законски предлози за разгледување.

„Националниот совет за евроинтеграции, за жал, има само протоколарна улога. Немаме материјал врз основа на кој можеме да работиме, нема поднесени закони, власта не работи на реформската агенда“, изјави тој.

Филипче додаде дека дури и на состаноци поврзани со клучни реформи во правосудството не присуствуваат надлежни министри, што, според него, дополнително ја намалува функционалноста на телото.

Тој оцени дека Советот би можел да има суштинска улога дури по отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, кога ќе се разгледуваат конкретни закони и реформи.

Како пример за поефикасен модел, Филипче ја посочи Хрватска, каде сличното тело, според него, функционирало како стручно и аналитичко тело со учество на сите политички партии и затворени седници, по кои јавноста била информирана.

„Така би се ставил фокус на работата, а не на партиско надмудрување“, рече тој.

Според Филипче, во сегашни услови Советот останува формален орган, а вистинска дебата ќе биде можна кога Владата ќе достави конкретни законски решенија и кога ќе започнат преговорите со Европската Унија.

Related posts

ИЕА: Повеќе од 400 милиони барели нафта од итните резерви ќе бидат пуштени на пазарот

admin

Мерц подготвува реконструкција на владата: По оставката на Шпан следуваат нови кадровски потези

admin

ЕУ усвои 16-ти пакет санкции против Русија на третата годишнина од инвазијата врз Украина

admin

ВЛЕН: Османи одржал 11 средби во Белград, ниедна во Приштина

admin

За што се договориле Трамп и Си?

admin

Од конфликт до ЕУ: Новата битка за наследството на Охридскиот договор

admin