10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

Уапсени пет лица за семејно насилство, меѓу нив и словенечки државјанин

Пет лица се уапсени во повеќе градови низ земјата под сомнение за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полицијата информира дека приведените се од Куманово, Струмичко, Велес и Охрид, а во еден од случаите станува збор за државјанин на Словенија.

Во Куманово, во 21 часот, бил уапсен 35-годишник кој физички ја нападнал сопругата и нивните две малолетни деца. Неколку часа подоцна, приведен е и 57-годишен маж, осомничен дека ја нападнал својата ќерка.

Во Охрид, пак, полицијата го привела 48-годишен државјанин на Словенија, кој по вербална расправија физички ја нападнал сопругата во стан.

Во струмичко село, 36-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека агресивно се однесувал кон неговата мајка, додека во Велес, 23-годишник е приведен поради напад врз својата сестра.

Од МВР велат дека сите случаи се во постапка и дека ќе следуваат соодветни поднесоци против осомничените.

Related posts

Судирот меѓу Израел и Хамас го зголеми ризикот по безбедноста во Македонија

admin

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

Лидерски амбиции во СДСМ има, но сè уште се тактизира

admin

Алармантно: Деца бараат помош поради самоубиствени мисли

admin

Што е УСАИД: “Гнездо на змии” или “играчка на Сорос”?

admin

Азески: Условите од кредитот се добри но Владата мора итно да одговори на прашањата на бизнис секторот

admin