20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски медиум: „Северномакедонски партнери“ не е навреда

Бугарскиот портал Actualno.com објави коментар во кој го критикува министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, поради реакцијата на изразот „северномакедонски партнери“, употребен од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Во текстот се наведува дека, „по истата логика“, Муцунски би требало да ги повика и американскиот амбасадор, како и други странски претставници кои го користеле истиот термин.

Авторката на текстот тврди дека станува збор за „измислен скандал со Бугарија“ и оценува дека изразот „северномакедонски партнери“ е коректен, бидејќи се однесува на државна припадност, а не на идентитет.

Како пример, текстот посочува соопштение од март 2024 година, во кое американската сенаторка Џин Шахин изјавила дека САД треба да продолжат да работат со „северномакедонските партнери“ за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Во анализата се споменува и објава на канадската министерка Мелани Жоли од декември 2024 година, во која таа ја употребила фразата „северномакедонско-канадска заедница“.

„Тогаш ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски не реагираа“, наведува авторката.

Текстот доаѓа по дипломатските тензии меѓу Скопје и Софија, откако македонското Министерство за надворешни работи реагираше на изјавата на бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова.

 

Related posts

Неколку македонски министерства доцнат со реформи поврзани со ЕУ-фондови

admin

САД И ЕУ ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КИНА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА РУСИЈА

ninja

Мицкоски: Инфлацијата околу 4% во 2026, Владата најавува построги казни за супермаркетите

admin

Полицијата ја презема контролата врз рускиот аеродром во Дагестан по антиизраелските протести

admin

Значењето на Коридорот 8 се зголемува во новите околности

admin

Техничката влада созреа за укинување?

admin