31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

ДУИ во вторникот ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за, како што наведе, „скандалозен и брутален терор“ врз обвинителството и правосудниот систем преку јавни притисоци и политички кампањи.

Во партиското соопштение, ДУИ директно го посочи потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, оценувајќи дека неговите јавни настапи претставуваат недозволив притисок врз обвинителството.

Партијата наведе дека Милошоски, кого го обвини за националистичка реторика и политички влијанија врз правосудството во минатото, нема „морален, политички и правен кредибилитет“ да зборува за правда.

ДУИ соопшти дека за наводните притисоци веќе ги информирала домашната и меѓународната јавност, амбасадите и меѓународните организации.

Во реакцијата, партијата оцени дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат како „Темu-обвинители“, без да ги прочитаат извештаите и одлуките на институциите.

ДУИ тврди дека Државниот завод за ревизија нема експертиза за технички проценки, додавајќи дека обвинителството обезбедило посебни експертизи за квалитетот и за евентуалната штета во предметите што се водат.

Партијата ги повика Јавниот обвинител, Советот на јавни обвинители, Здружението на јавни обвинители, судството, правната заедница, САД, Европската унија и медиумите да реагираат и да го осудат, како што наведуваат, „неприфатливиот терор врз правдата“.

Соопштението доаѓа во период на засилени политички судири меѓу власта и опозицијата околу повеќе истраги, ревизорски извештаи и обвинувања за политичко влијание врз институциите.

Related posts

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК НЕ ПОМИНА НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

ninja

Фокус: „Гробари“ на јавното здравство

admin

Пратеникот Лефков обвинува за „синхронизиран напад“ откако бугарски медиум објави детали за неговото семејство

admin

Македонска „храна“ за бугарските наративи

admin

Секс и шпионажа: Русинка призна вина во афера со ФСБ и ФБИ, се соочува со затвор во САД

admin

Скандал во Лондон: BBC му се извини на Трамп – но одбива да му плати милијарда долари!

admin