29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Само два закона наместо десет: Опозицијата обвинува за дебакл на реформите

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ја обвини Владата дека не ги исполнила обврските од реформската агенда поврзана со европската интеграција, оценувајќи дека рокот што премиерот Христијан Мицкоски го поставил за реализација на реформите истекол без значителен напредок.

На прес-конференција, Филипче изјави дека од 10 закони за кои Европската Унија одобрила продолжување на рокот до јуни 2026 година, донесени биле само два.

„Од 10-те закони за кои рокот беше продолжен, реализирани се само два – измените на Царинскиот закон и Законот за безбедност на мрежни и информациски системи“, рече Филипче.

Тој тврди дека меѓу клучните закони што сè уште не се усвоени во согласност со европските барања се Законот за Судски совет, Законот за електронски комуникации, мерките за интеграција на пазарот на електрична енергија, како и воспоставувањето регистар на државни претпријатија и пополнувањето на капацитетите во Агенцијата за управување со одземен имот.

Филипче оцени дека Владата се обидува да ги прикаже како исполнети дел од обврските иако, според него, тие не се усогласени со препораките на Европската комисија и другите европски тела.

„Вкупната реализација е катастрофална. Очигледно е дека станува збор за намерно неспроведување на реформската агенда“, рече тој.

Лидерот на СДСМ додаде дека реформите во правосудството и владеењето на правото се меѓу најзначајните области во кои, според него, нема суштински напредок.

Тој ја обвини Владата дека нема вистинска намера да го забрза европскиот интегративен процес и повторно повика на усвојување на уставните измени како предуслов за продолжување на пристапните преговори со Европската унија.

„Се знае кој е патот напред. Тоа се уставните измени. Ако ја пропуштиме оваа можност, следната можеби нема да дојде за генерациите што следуваат“, изјави Филипче.

Владата досега не реагираше на обвинувањата изнесени од опозицискиот лидер.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за Заев и СДСМ за ДУП во Тетово

admin

ВАРХЕЈИ – СОФИЈА И СКОПЈЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТЕНЗИИТЕ, ОДГОВОРНИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРАВДАТА

ninja

Мерц: Силата на НАТО не зависи само од бројот на војници

admin

Таравари: Абсурдно е да те критикуваат пензионери на ДУИ

admin

Предизвикот за спроведување на Болоњскиот процес

admin

Извозот на руски гас кон Европа падна за 44% во 2025, најниско ниво во последниве децении

admin