31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дизелот поевтинува за 6,5 денари од полноќ

Цената на дизел горивото од полноќ ќе се намали за 6,5 денари за литар, додека цените на бензините ќе останат речиси непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 85,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 87,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава по 47,9 денари за килограм.

Од РКЕ соопштија дека намалувањето е резултат на пониските референтни цени на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот пресметковен период, како и на мерката за намалување на акцизите за два денари по литар за дизелот и бензините.

Владата претходно најави дека намалените акцизи ќе останат во сила, иако повластената стапка на ДДВ за бензините се враќа на редовните 18 проценти.

Со новите цени, Македонија и натаму останува меѓу земјите со најниски малопродажни цени на горивата во регионот, според владините проценки.

Related posts

СПАСОВСКИ: НАДВОРЕШНИТЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД ИРАН И ОД РУСИЈА

ninja

Мицкоски ја одби ДУИ: „Нема предвремени избори – крај на манипулациите”

admin

Германија предупредува: конфликтот станува сè поскап и покомплексен

admin

Дијаспората и по 12 февруари ќе може да се врати со патен лист

admin

Иран гаѓа со севернокорејски ракети – откриена тајната војна зад сцената!

admin

ВМРО-ДПМНЕ под притисок од ЗНАМ по критиките на Милошоски кон министерот Филков

admin