14.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски новинар: Скопје намерно го блокира патот кон ЕУ

Бугарскиот новинар Љубчо Нешков оцени дека недостигот на напредок на Северна Македонија кон Европската Унија не е само застој, туку, како што рече, „целосно намерно блокирање“.

Во гостување на бугарската телевизија НОВА, Нешков изјави дека властите во Скопје немаат реална желба да ги почнат преговорите за членство во ЕУ и дека зад таквиот однос се гледа влијанието на Белград и на концептот на „српски свет“.

Според него, проблемот не треба да се сведува само на протоколарни детали или билатерални односи меѓу Софија и Скопје, туку на поширока регионална и геополитичка слика.

Нешков оцени дека празнината што се создава со оддалечувањето од европскиот процес ја пополнуваат српската и руската политика во регионот.

Тој го критикуваше и ставот на македонскиот премиер дека земјата може да чека со децении за членство во ЕУ доколку тоа е потребно за зачувување на идентитетот, оценувајќи го тоа како лажење на јавноста.

Според Нешков, повеќе од 70 проценти од граѓаните во Северна Македонија сакаат членство во ЕУ, што, како што рече, е спротивно на политиката што ја води власта во Скопје.

Тој се осврна и на последниот извештај на Европскиот парламент, наведувајќи дека критиките кон Северна Македонија не се однесуваат само на прашањата за јазикот и идентитетот, туку и на корупцијата и состојбите во судството.

 

Related posts

Трамп ја промени реториката – „Не брзајте со договорот со Иран“

admin

Владата и невладините во клинч – соработка на „стаклени нозе“

admin

Бунт против царините на Трамп: 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата

admin

Двајца професионални војници заболеле од шуга, Министерството за одбрана негира ширење во касарната

admin

Не точете скапо гориво: следува пад на цените по најавата на Трамп за крај на војната со Иран

admin

ЕП: ОД 2035 НЕМА ВЕЌЕ АВТОМОБИЛИ НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИН

ninja