28.1 C
Скопје
21 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кој ќе лета од Владата? Мицкоски денес на клучна средба со ЗНАМ

Продолжуваат разговорите за најавената реконструкција на Владата, а денеска премиерот Христијан Мицкоски треба да одржи средба со коалицискиот партнер ЗНАМ, по вчерашните консултации со претставниците на коалицијата ВЛЕН.

Од Владата велат дека процесот е во почетна фаза и дека станува збор за чувствителни разговори кои бараат сериозен пристап, поради што засега не се соопштуваат детали за можните кадровски промени.

Најавата за реконструкција следува откако Мицкоски порача дека во Владата нема да има место за функционери кои не испорачуваат резултати.

„Министрите што се уморни чесно е да си одат“, изјави премиерот, најавувајќи оценка на работата на министрите и директорите на половина од мандатот.

Во пресрет на денешната средба, од ЗНАМ испратија порака дека нивните министри немаат причина за загриженост.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека функционерите од редовите на ЗНАМ „одлично си ја вршат работата“ и дека очекува разговорите со премиерот да донесат појасна слика за обемот на реконструкцијата.

Од партијата велат дека сакаат дополнителни информации за тоа дали станува збор за ограничени кадровски корекции или за поширока реконструкција на владиниот состав.

Реконструкцијата беше најавувана со месеци како дел од процесот на оценување на ефектите од работата на министрите, директорите и другите именувани функционери. Според владините извори, по завршувањето на разговорите со коалициските партнери ќе биде познато дали и кои ресори ќе бидат опфатени со промените.

Засега не е познато дали реконструкцијата ќе значи само замена на поединечни министри и директори или ќе отвори простор и за пошироки промени во рамките на владината коалиција.

Политичките аналитичари оценуваат дека исходот од разговорите со ВЛЕН и ЗНАМ ќе покаже дали премиерот навистина ќе се одлучи на подлабоки зафати во извршната власт или ќе се задржи на ограничени кадровски корекции во пресрет на втората половина од мандатот.

Related posts

Хегсет побарал заминување на шефот на американската војска

admin

УЈИЕ ги отвори вратите за идните студенти: Ден на иновации, знаење и забава

admin

Милош Вучевиќ поднесе оставка како премиер на Србија

admin

Кандидатката за антидискриминациската комисија ја повлече кандидатурата по јавни реакции

admin

Израел го нападна Иран, нуклеарните постројки не биле цел

admin

Дали државата планира стратегија со која ќе стане рударска колонија на ЕУ?

admin