20.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Горивата паѓаат, на потег се маркетите: Мицкоски бара поевтина храна

Цените на горивата во Северна Македонија од полноќ значително се намалуваат, при што дизелот ќе поевтини за седум денари по литар, а бензините за 3,5 до четири денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, Еуродизелот ќе се продава за 80,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 за 84 денари, а Еуросупер БС-98 за 86 денари за литар.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека падот на цените на нафтените деривати, поттикнат од смирувањето на кризата на Блискиот Исток и движењата на светските пазари, треба да се одрази и врз цените на храната.

Тој најави средба со претставници на маркетите и дистрибутерите, предупредувајќи дека Владата ќе интервенира доколку не дојде до намалување на цените на основните прехранбени производи.

„Граѓаните беа толерантни. Сега е ред на компаниите да им возвратат на граѓаните“, изјави Мицкоски, додавајќи дека нема да прифати оправдувања доколку цените останат непроменети.

Владата најави споредби на цените со земјите од регионот и не ја исклучи можноста јавно да ги објави трговците кои нема да ги намалат цените, како и воведување дополнителни мерки за стабилизирање на пазарот.

Related posts

Украина ги интензивира нападите долж граничните линии

admin

Мицкоски и коалицијата го туркаат новиот Изборен законик, Филипче се закани: „Ќе го блокираме!“

admin

Намалените казни ќе влијаат и врз примената на ПИМ

admin

БРИКС ниту блиску до доларот – шефот на банката на Бразил го уби митот за нова супервалута

admin

Последен ден на Ковачевски во премиерската фотелја

admin

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin