30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова криза со Бугарија: Објавени детали за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за објавувањето дипломатска нота поврзана со патување на неговата сопруга и помалиот син во бугарското зимско одморалиште Пампорово, оценувајќи дека со тоа била загрозена безбедноста на неговото семејство.

Мицкоски рече дека случајот претставува „преседан во дипломатијата“ и дека сигналите што доаѓаат од Бугарија не водат кон подобрување на односите, туку кон нивна радикализација.

„Сигналите коишто доаѓаат оттаму не ме прават оптимист. Напротив, состојбата се радикализира“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можен напредок во дијалогот со Софија.

Според објавените информации, станува збор за документ со кој македонската амбасада во Софија го информирала бугарското Министерство за надворешни работи за патување на членови на семејството на премиерот во Пампорово во јануари годинава.

Во објавениот документ, кој прво се појави на социјалните мрежи, се наведуваат детали за патувањето, придружбата, службените возила, комуникациската опрема и вооружувањето на обезбедувањето.

Мицкоски рече дека токму тие податоци се причина поради која случајот го пријавил кај партнерите во НАТО.

„Со оваа дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство. Сепак, ние сме земја членка на НАТО“, рече премиерот.

Тој им се извини на сопругата и на помалиот син, велејќи дека жалел што морале да бидат изложени на ваков јавен притисок.

Од официјална Софија засега нема јавно соопштение за случајот.

Паралелно, бугарските претставници повторија дека преговарачката рамка од 2022 година не е предмет на повторно преговарање и дека Северна Македонија треба да ги спроведе уставните измени за да го продолжи европскиот пат.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојуваше во Софија, имаше средба со претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова. Од неговиот кабинет соопштија дека Гаши повикал двете земји да се фокусираат на иднината, европските вредности и добрососедските односи, наместо на историските прашања што ги оптоваруваат односите.

Бугарската страна, пак, побара спроведување на европскиот консензус од 2022 година, уставни измени и санкции за палењето на дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје.

Односите меѓу Скопје и Софија остануваат затегнати поради условот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, што е предуслов за отворање на првиот кластер во преговорите со Европската Унија.

Related posts

Левица поднесе интерпелација против Тошковски поради трагедијата во Кочани

admin

Филипче алармира: Владата ја турка Македонија во изолација – економијата и граѓаните на удар

admin

Судскиот совет под притисок, Камбовски бара законски реформи наместо персонални

admin

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

Рамо до рамо, но без збор: Студена тишина меѓу лидерите на ВЛЕН на стартот на автопатот Тетово–Гостивар

admin

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

admin