27.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Аларм во ПИОМ: Ревизорите открија долг од 136 милиони евра кон здравството

Државниот завод за ревизија утврди дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) доцнел со уплатите кон Фондот за здравствено осигурување и приватните пензиски друштва, додека раководството на институцијата уверува дека редовната исплата на пензиите не е доведена во прашање.

Според ревизорскиот извештај за 2024 година, ПИОМ заклучно со февруари 2026 година имал неисплатени обврски од околу 136,4 милиони евра кон Фондот за здравствено осигурување, додека нераспределените придонеси кон приватните пензиски фондови достигнале 42,2 милиони евра.

Ревизорите наведуваат дека приходите од придонеси се зголемени за 14 проценти во однос на претходната година, но и натаму не се доволни за покривање на расходите за пензии, поради што Фондот останува зависен од буџетски трансфери. Во 2024 година тие учествувале со 36,7 проценти во вкупните приходи на ПИОМ.

Дополнително, ревизијата укажува на влошување на односот меѓу осигурениците и пензионерите. На крајот од 2024 година биле евидентирани 556.294 осигуреници и 343.048 пензионери, односно сооднос од 1,63 осигуреници на еден пензионер.

Директорот на ПИОМ, Никола Мемов, изјави дека ревизорскиот извештај се однесува на период кога со институцијата управувал претходниот менаџмент и оцени дека дел од забелешките се однесуваат на долгогодишни системски проблеми.

„Финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите и функционирањето на пензискиот систем не се доведени во прашање“, соопшти Мемов.

Тој призна дека зголемувањето на пензиите довело до раст на обврските кон здравствениот фонд и вториот пензиски столб, но оцени дека тоа е директна последица на повисоките пензии, а не показател за финансиска нестабилност.

Извештајот на ревизорите беше објавен во период кога се отвори јавна дебата за иднината на вториот пензиски столб, откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од осигурениците можеби нема да бидат задоволни од средствата што ќе ги затекнат на своите индивидуални сметки при пензионирање.

Опозициската СДСМ побара дополнителни објаснувања од Владата, оценувајќи дека ваквите изјави предизвикуваат загриженост кај граѓаните кои штедат во приватните пензиски фондови.

Related posts

Таравари жестоко удри по Села: ‘Голем фајтер, но секогаш губи’

admin

Русија и САД започнаа мировни преговори во Ријад, Украина ја отфрла иницијативата

admin

Смртоносна ебола се шири во Африка – расте бројот на жртви

admin

ДУИ и ВЛЕН во јавна расправија за српското влијание

admin

Дали С.Македонија ќе ја признае независноста на Палестина?

admin

СУДСКИ СОВЕТ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА РАБОТАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ

ninja