29.9 C
Скопје
7 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

ЕУ го одложува новиот патнички систем: Хаосот на границите ја сопре реформата

Европската Унија најверојатно ќе го одложи до следната година воведувањето на новиот систем за претходна онлајн дозвола за влез, откако одделниот електронски систем за гранични проверки предизвика технички проблеми и долги редици на дел од аеродромите и копнените премини, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Системот Etias, сличен на американскиот Esta, треба да важи за околу 1,4 милијарди патници кои не треба да вадат виза за влез во ЕУ, вклучувајќи граѓани на Велика Британија и САД. Тие ќе треба да се регистрираат онлајн, да платат 20 евра и да поминат безбедносна проверка пред патување.

Според „Фајненшл тајмс“, одложувањето се разгледува поради проблемите со системот EES, кој бара од патниците надвор од ЕУ да остават отпечатоци од прсти и фотографија на границите. Неговото воведување беше проследено со технички дефекти, бавна примена и предупредувања од авиоиндустријата за можен хаос во летната сезона.

ЕУ-Лиса, агенцијата задолжена за спроведување на Etias, признала дека воведувањето до крајот на годинава повеќе не е реално, наведува весникот, повикувајќи се на три лица запознаени со разговорите.

Управниот одбор на агенцијата во јуни разговарал за одложување на системот, а новата временска рамка треба повторно да се разгледува во септември.

„Да го средиме прво EES пред да ставиме уште еден систем што повторно ќе ги удвои редиците“, изјавил извор запознаен со разговорите за „Фајненшл тајмс“.

Европската комисија треба формално да го утврди датумот за почеток на Etias, но тоа може да се случи дури откако ЕУ-Лиса успешно ќе го тестира системот.

Комесарот за внатрешни работи Магнус Брунер, според весникот, во писмо до авиоиндустријата ги обвини националните влади за дел од проблемите со EES, посочувајќи дека недостигот на персонал и несоодветната инфраструктура можат да бидат причина за доцнењата.

EES првично требаше да стартува во 2022 година, но повеќепати беше одложуван поради јавни набавки, технички проблеми и бавна подготовка во дел од земјите членки.

Иако некои европски претставници очекуваат одложувањето на Etias да не биде долго, еден извор за „Фајненшл тајмс“ оценил дека пуштањето во употреба до крајот на оваа година е „илузорно“.

Related posts

МВР на Косово: Нападите на северот од Косово се оркестрирани и диригирани од Белград

admin

Треба ли да се замрзнат цените на храната?

admin

Унгарија: Полицијата трага по седум деца исчезнати во Мако, осомничена е 39-годишна жена

admin

Глобален удар врз трговците со луѓе: Над 1.000 уапсени во 59 држави

admin

Таравари ја напушти владата, многу сопартијци му “дезертираа”

admin

Ганиу: Ако има прекршувања, нека постапат институциите – не Арсовска да прави шоу

admin