28.5 C
Скопје
8 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Буџетот е празен“ – Филипче со жесток напад за ребалансот

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени ребалансот на Буџетот како доказ за економски неуспех на Владата, предупредувајќи дека државата се движи кон сериозна финансиска криза без јасна стратегија за справување со растечкиот дефицит.

Во интервју за Сител телевизија, Филипче изјави дека во ребалансот нема доволно средства за раст на пензиите, платите, земјоделските субвенции и социјалните трансфери.

„Ние одиме кон амбис, а Владата нема стратегија како ќе ја закрпи финансиската дупка“, рече Филипче.

Тој додаде дека, според него, Северна Македонија заостанува зад земјите од регионот во користењето на европските фондови, наведувајќи дека Црна Гора обезбедила 3,2 милијарди евра неповратни средства, додека македонската Влада, како што рече, се фали со околу 50 милиони евра.

 

Related posts

САД и Иран подготвуваат директни разговори, Израел изврши напади врз Техеран

admin

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност во првиот круг на локалните избори, СДСМ со најслаб резултат во последната деценија

admin

Слави Трифунов, ИТН: Бугарија ќе реагира секогаш кога правата на Бугарите во ‘таканаречената држава Северна Македонија’ се загрозени

admin

Османи смирува: Изјавата на Макрон е погрешно разбрана

admin

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува, очекувано поевтинување од 6 до 7 денари по литар

admin

ЕКСКЛУЗИВНО: ЕУ со пакет на санкции против Косово

admin