10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Закани кон новинар и неговото дете: ЗНМ бара брза реакција од институциите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во средата ги осуди, како што наведе, сериозните закани упатени кон новинарот на порталот „Тетова Сот“, Рами Мислими, и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да го истражат случајот.

Според соопштението на ЗНМ, Мислими поднел пријава во СВР Тетово, во која навел дека по објавување на новинарска содржина и коментар поврзани со претседателот на Советот на Општина Тетово, Алби Ќамили, добил телефонски закани, вклучително и закани кон неговото малолетно дете, со барање да ја избрише објавата од порталот и социјалните мрежи.

Во пријавата, како што наведува ЗНМ, стои дека подоцна, во близина на зградата на Општина Тетово, на Мислими му пришло лице кое се претставило како брат на Алби Ќамили и му упатило дополнителни закани, велејќи му: „Една камера нема да те заштити.“

ЗНМ оцени дека ваквите закани претставуваат директен напад врз слободата на медиумите, правото на информирање и безбедноста на новинарите.

Здружението ги повика МВР и Обвинителството итно да постапат по пријавата, целосно да ги утврдат околностите на случајот и, доколку се потврдат наводите, да обезбедат кривична одговорност.

Во соопштението се потсетува дека, согласно измените на Кривичниот законик, нападите и заканите кон новинари при вршење на нивната професионална должност уживаат засилена кривично-правна заштита.

***

Редакцијата на Inbox7.mk најостро ги осудува заканите упатени кон новинарот Рами Мислими и бара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да ги истражат сите наводи, да ги утврдат фактите и да обезбедат соодветна кривична одговорност доколку се потврдат заканите. Секоја закана или притисок врз новинарите претставува напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Related posts

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

admin

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

ninja

„И јас ќе станам ветеран“: Ахмети откри дека се повлекува од лидерската позиција

admin

Мелинда Гејтс проговори: „Болни тајни од бракот“ по објавата на досиејата за Епстин

admin

Светска банка предупредува на стагнација, СДСМ бара отчет за долговите и буџетот

admin

Анкета или пропаганда? ВЛЕН слави водство, ДУИ тврди дека бројките се фабрикувани

admin