22.9 C
Скопје
28 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

НАТО го бркаше повеќе од еден час: Руски млазен дрон навлезе длабоко во Романија

Руски беспилотен авион навлегол длабоко во романскиот воздушен простор и прелетал повеќе од 350 километри пред да биде соборен од романски ловец Ф-16.

Дронот бил забележан во 9:39 часот во близина на Сулина, на устието на Дунав, а бил соборен во 11:02 часот во близина на градот Бузау, по лет што траел околу 82 минути.

Според романските власти, леталото прво се движело кон запад до Браила, потоа свртело кон југ во правец на Фетешти – каде се наоѓа една од главните бази на романското воено воздухопловство – а потоа повторно кон северозапад, каде било пресретнато.

Просечната брзина на дронот изнесувала повеќе од 260 километри на час, што е значително повисоко од пропелерските беспилотни летала од типот „Шахед“ или „Геран-2“.

Поради тоа, авторите оценуваат дека постои можност станувало збор за руски млазен дрон, како „Геран-3“ или „Геран-4“, чија крстосувачка брзина достигнува околу 300 километри на час. Романските власти, сепак, сè уште официјално не го соопштиле типот на леталото.

За пресретнување најпрво биле испратени два италијански ловци „Еурофајтер Тајфун“, кои дежураат во рамки на НАТО од базата Михаил Когалничану. Бидејќи тие не успеале да го неутрализираат дронот, во 10:56 часот полетале два романски Ф-16 од базата Фетешти, при што еден од нив го соборил леталото осум минути подоцна.

Инцидентот претставува едно од најдлабоките навлегувања на руски беспилотен авион во воздушниот простор на земја-членка на НАТО од почетокот на војната во Украина.

Последниот ваков инцидент се случи на 29 мај годинава, кога руски дрон од типот „Шахед“ погоди станбена зграда во романскиот град Галац. Романија располага со 55 ловци Ф-16, постојани НАТО воздушни патроли и системи за противвоздушна одбрана „Гепард“.

Related posts

Законот за амнестија по скратена постапка: Над илјада затвореници ќе бидат ослободени целосно или делумно

admin

DW: Паралелна држава – приватни средби за државни проекти

admin

(ВИДЕО) Милошоски: Би било наивно да се смени Уставот само за да се отпочнат преговори за членство

admin

Владата разгледува укинување на ДДВ за основна храна, најавено и намалување на акцизите за горивата

admin

Што треба да знаат граѓаните на Западен Балкан за новите правила за влез во ЕУ?

admin

Синдикатот на културата поднесе кривична против министерот Љутков, тој ги отфрли

admin