27.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Анкета или пропаганда? ВЛЕН слави водство, ДУИ тврди дека бројките се фабрикувани

Владејачката ВЛЕН соопшти дека според анкета на агенцијата Stratum R&D, спроведена во јуни, има поддршка од 34% од албанските гласачи, додека за ДУИ би гласале 30% доколку изборите се одржат сега.

ВЛЕН соопшти дека ова е второ истражување во последните два месеца кое ја става партијата пред ДУИ и оцени дека резултатите покажуваат оти граѓаните ја поддржуваат, како што наведува, „политиката на резултати“.

ВЛЕН како аргумент за зголемената поддршка ги наведе усвојувањето на Законот за правична и соодветна застапеност, Законот за игрите на среќа, Законот за Медресата, измените во високото образование, воведувањето на повеќе од 40 стручни испити на албански јазик, проектите за општините, инфраструктурните инвестиции и зголемувањето на платите и пензиите.

ДУИ ги отфрли наводите, оценувајќи дека анкетата е нетранспарентна и политички мотивирана.

Партијата соопшти дека не се познати нарачателот, финансиерот, методологијата, примерокот и целосниот прашалник на истражувањето. Според ДУИ, агенцијата што ја спровела анкетата не објавувала позначајни истражувања во изминатите две години и, како што наведува, нејзиното повторно појавување отвора сомнежи за политичка пропаганда.

ДУИ оцени дека објавените резултати не ја одразуваат реалната поддршка меѓу гласачите и ја обвини ВЛЕН дека преку анкети се обидува да го прикрие, како што тврди, падот на својата политичка поддршка.

 

Related posts

ВУЧИЌ- СО ЕСКОБАР ИМАВМЕ ОТВОРЕН И ФЕР РАЗГОВОР

ninja

САД му дозволија на Србија да преговара за продажба на рускиот удел во НИС

admin

Историски чекор или политичка стапица? Што стои зад резолуцијата со Бугарија!

admin

Конгрес: Незадоволство кај германските социјалдемократи

admin

Крастев: МПЦ влегува во црковната игра на Русија – неизвесен исход на автокефалноста

admin

Лимани: Кичево не може да се изгради со празни пароли и етнички поделби

admin