20.4 C
Скопје
30 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Кој ќе одговара?“ СДСМ со нов напад кон Владата за случајот со водата во Гостивар

СДСМ ја критикуваше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата се консултира со експерти за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека стручните лица требало да бидат вклучени уште на почетокот на кризата.

Во партиското соопштение се наведува дека, наместо стручни проценки, јавноста во изминатиот период слушала различни и, според СДСМ, контрадикторни изјави од надлежните институции и носителите на извршната власт.

Опозициската партија оценува дека премиерот не требало лично да ја објаснува состојбата со квалитетот на водата, ниту министерот за внатрешни работи да коментира прашања што, според неа, се во надлежност на стручните институции.

СДСМ прашува дали најавените консултации со експерти претставуваат признание дека досегашното постапување било погрешно или обид да се оправда претходното управување со кризата.

Партијата побара институционална одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и повика да се утврди кој ќе сноси одговорност за последиците од кризата.

 

Related posts

Меџити: ДД се трансформира, ќе го зајакнеме ВЛЕН како обединет политички фронт

admin

Мојот пријател Рудичка

admin

ММФ: Над 70 проценти од оние кои ја напуштиле С.Македонија се образовани

admin

НАТО сојузниците остро реагираа на изјавите на Трамп за војната во Авганистан

admin

Протестите го принудија Зеленски на голем потег: сменет врховниот командант на армијата

admin

Сајбер криминал во Тетово: над 500.000 долари преку нелегална платформа

admin